Покрај мечевите од Лига Европа, се одиграа четири натпревари во првиот термин на Лигата на конференции. Вкупно паднаа 15 гола, а четири во Белгија на мечот меѓу Ројал Унион и Ајнтрахт Франкфурт.
Германците имаа предност од 0:2 по првите 10 минути. Отвори Шаиби, а зголеми Калајџиќ. Сепак, домашните, кои во второто полувреме играа со играч помалку стигнаа до реми.
Намали Расмусен во 31 минута, а изедначи Нилсон во 68 минута. Десет минути подоцна беше исклучен Ванхуте и мрежите не се тресеа до крајот.
Во Норвешка, Молде ја совлада Легија со 3:2. Норвежаните имаа 3:0 по првото полувреме, а во второто се „тресеа“ за победа. Гостите од Полска постигнаа два гола и се здобија со убава шанса на реваншот во Варшава да ја надополнат негативата.
Олимпијакос со 1:0 го победи Ференцварош, а Штурм Грац со 4:1 го победи Слован од Братислава.