Откако доби отказ од клупата на Рома, Жозе Мурињо се уште одмара и не прифати ниту една од понудите што ги доби. Тој во разговор со Рио Фердинанд откри дека во изминатите години одбил навистина одлични понуди, а меѓу другото имал и понуда да стане селектор на Англија.
Мурињо во последните години заврши феноменална работа како менаџер и со право важи за еден од најдобрите во светот.
Во кариерата меѓу другото работеше и во Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, а ретко кој тренер може да се пофали со такви работни места.
За време на разговорот со Фердинанд, Мурињо откри дека доколку сакал можел да биде селектор на Англија.
„Одбив неколку одлични понуди за работа. Една што беше многу, многу тешко да се одбие беше понудата од Португалија. Можев да бидам нивни тренер, но можев да бидам и твој тренер. Да понудаа беше на маса“, му рече Мурињо на Фердинанд.