Аталанта продаде рекордер во Серија А на клуб од МЛС

2149

Аталанта го објави трансферот на својот напаѓач Луис Муриел во Орландо Сити за еден милион евра. Договорот на играчот е за 2+1 години, а тој ќе го носи дресот со број 9 во новиот тим.

Муриел пристигна во Аталанта летото 2019 година, а од тогаш па до сега одигра вкупно 184 меча со 68 гола и 28 асистенции. Во Серија А играл за Удинезе, Лече, Сампдорија и Фиорентина. Исто така играше и за шпанските Гранада и Севиља, како и за колумбискиот Депортиво Кали.

32-годишниот голгетер е рекорден во Серија А. Имено тој е на првото место по најмногу голови од фудбалер од клупата во ерата на трите бода во најсилната италијанска лига (од 1994/95).

 

ПретходноРакометарите на Пелистер ги бодреа кошаркарите (ФОТО)
СледноЛК: Динамо Загреб го изненади Бетис, Ајакс се спаси со два гола во судиското продолжение