Атанасов: Мораме брзо да го заборавиме овој меч!

311

МЗТ Скопје го отвори Куп спектаклот во Битола. Бранителот на трофејот во четвртфиналето го совлада Гостивар со 91-76 и за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од Работнички – ТФТ.

Предводникот на „сино-белите“, Васко Атанасов имаше право на задоволство по оваа победа, но потенцираше дека истата мора да ја остават зад себе, бидејќи веќе утре следи нова битка.

„Освен во првата четвртина, во преостанатиот дел го контролиравме натпреварот. Мораме брзо да го заборавиме овој дуел, не чека разврската за полуфинале. Гостивар цела сезона игра тешки натпревари така и беше и сега.

Да, точно можеби имаме поширок ростер на играчи, но не би рекол дека одморивме некој“, рече Атанасов.

По натпреварот, тренерот на Гостивар, Јорданчо Давитков изјави дека е заслужена победата на противникот кој во моментов е многу подобар.

МЗТ е подобра екипа од нашата, а посебно тоа што имаме мала ротација беше клучно. Дадовме максимум додека можевме, во тие први 15 минути, а потоа следеше падот. Им честитам победа. Им посакувам успех во иднина“- коментираше Давитков.

ПретходноКуп на Македонија: МЗТ Скопје лесно до полуфинале
СледноД-р Јонузи и Д-р Крстева дел од медицинската конференција на ФИФА во Бостон