Работнички и официјално може да се пофали дека во своите редови во пролетниот дел ќе има некогашен фудбалер на Лестер. Имено Али Регба (24), со потекло од Алжир е ново име во тимот на стратегот Гоце Седлоски, според “Трансфермаркт“ а Работнички ќе го претстави денеска или утре. Дознаваме дека ќе има уште две нови имиња, но секако дека Регба е најинтересен зошто бил член на У-21 тимот на Лестер и тоа цели три години.
Покрај Лестер, тој бил член и на екипи од Ирска и Алжир.
Со Али Регба нападот на Работнички и тоа како ќе биде засилен.