Вечно дерби во Битола, Работнички му закажа полуфинале на МЗТ Скопје!

184

Работнички ќе игра против МЗТ Скопје во полуфиналето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“, кој се одржува во Битола. Во четвртфиналето по голема битка го совлада ТФТ со 75-68. Тимот од Тафталиџе имаше свои шанси, водеше со 14 поени разлика, но имаше големи падови во играта.

Рикиќ со 23 поени и девет скока беше прв стрелец кај победникот, 13 имаше Ефремовски. Кај поразениот состав, Ташовски запиша 12 поени.

ТФТ доминираше во поголем дел од првото полувреме. Избраниците на Боро Смилковски по негативата од два поени (16-14) во првата четвртина, со серија од 12-0 дојдоа до двоцифрено водство од 16-26. И не застанаа тука, ракометарите на тимот од Тафталиџе имаа и позитива од 25-39 во втората четвртина. На другата страна Работнички на крилата на Декоси и Рикиќ успеа на одморот да намали на 34-40, а веќе во следниот период да направи пресврт и да го врати водството после долго време.

Со слободните фрлања на Рикиќ дојде на 47-46 во 27 минута, па мечор влезе во една неизвесна завршница во која ТФТ сепак во последната четвртина влезе со минимални 51-52.

Работнички пред средината на последната четвртина дојде на 61-58, но тоа не беше гаранција за победа, бидејќи ТФТ израмни на 61-61, а потоа влезе во серија на грешки и промашувања. Ефремовски и Рикиќ зголемија на 66-61, можеше да биде и полошо ана „црвено-белите“ беа непрецизни. Ѓуроски со третата тројка го донесе својот тим на чекор од победата, 69-92 беше во 38. минута. ТФТ не реализираше напад по тајм-аутот, а Ефремовски стави печат на мечот, со тројка ги постави највисоките 72-62. По тројката на Ташовски не остана време и сили за пресврт, бидејќи Работнички редеше тројки.

ПретходноСите го сакаат Чаби Алонсо, доби уште една понуда што не може да се одбие?
СледноСмилковски: Еден од судиите не беше достоен за четвртфинале