Ворнок: ВАР му поништи чист гол на Миовски

578

Привремениот менаџер на Абердин, Нил Ворнок, по синоќешното реми (3:3) против Мадервел изјави дека на неговиот тим му била одземена победа со поништување на „чист“ гол на нашиот репрезентативец Бојан Миовски.

Бојан Миовски погоди за 4:3 во 73. Минута, но по долгата проверка на ВАР, голот на нашиот голгетер беше поништен поради минимален офсајд.

Ворнок беше запрепастен од одлуката на ВАР системот.

„Не можете да ми кажете дека тоа беше офсајд. Ги видов линиите. Не верувам дека е офсајд, јас не знам како го прават тоа“, изјавил менаџерот на Абердин.

ПретходноТочно на пладне: МЗТ Скопје ја почнува одбраната на куп-трофејот
СледноФранција потврди на ЛОИ во Париз ќе има руски и белоруски спортисти