Готово е: Мбапе ќе го напушти ПСЖ на лето

440

Суперѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе му кажал на претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи дека сака да го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен играч на лето, тврдат сите водечки експерти за трансфери во Западна Европа.

Како што е познато, договорот на Мбапе со клубот е до крајот на оваа сезона, но со опција за продолжување на уште една сезона, а за возврат играчот би добил огромна сума на пари во форма на плата и бонуси.

Сепак, напаѓачот е решен конечно да го напушти ПСЖ по долгогодишните шпекулации околу неговата иднина, одржувајќи го ветувањето кон Ал-Келаифи дека тој ќе биде првиот што ќе го објави својот избор дали да остане со францускиот шампион следната сезона.

ПретходноКари е чудо, погоди шут што го нема ниту во видео-игри!
СледноСите го сакаат Чаби Алонсо, доби уште една понуда што не може да се одбие?