Едно лице загина, 15 се повредени на прославата на титулата на Канзас во НФЛ (ВИДЕО)

74

Едно лице загина, а 15 се повредени во престрелката што се случи во Канзас Сити, за време на прославата на титулата на тимот на Канзас Сити Чифс во американски фудбал, изјави началничката на полицијата во Канзас Сити, Стејси Грејвс.

„Лута сум поради тоа што се случи. Ова е таргетирање што никогаш не би го очекувале во Канзас Сити и што ќе го паметиме долго време“, рече Грејвс на прес-конференција.

Грејвс додала дека две лица се приведени, а во апсењето на осомничениот учествувале и навивачи. По победата над Сан Франциско во Суперболот, Канзас Сити Чифс ја освоија титулата шампион, а по овој повод беше организирана свечена парада во Канзас. По пукањето, толпата се разбегала, а на лице место останале само полицијата, пожарникарите и брзата помош.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како едно лице се обидува да и помогне на жртва на овој настан.

ПретходноКуп на ОФМ: Фаворитите без загубен сет до полуфинале
СледноТочно на пладне: МЗТ Скопје ја почнува одбраната на куп-трофејот