Интер Мајами на Меси е заглавен во финансиски проблеми, ќе треба да се раздели со играчи

1572

Тимот на Лионел Меси, Интер Мајами има сериозни проблеми во структуирањето на финансиите и тоа најверојатно ќе доведе до разделба со некои од водечките играчи на тимот, информира „Атлетик“. МЛС на САД има строги правила за тимското трошење и структурата на платите, што е нарушено од неодамнешната солидна селекција на тимот од Флорида. Тимот на Дејвид Бекам не го доведе само Меси, туку и неговите поранешни соиграчи од Барселона Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба, чии плати се големи.

Токму тоа доведе до нарушување на претходно постигнатата рамнотежа. Ситуацијата може да се поправи со нагло зголемување на приходите или разделба со некои од другите играчи во тимот. Па токму затоа дел од фудбалерите се на трансфер листата и бараат нови тимови. Се вели дека е можно некои од помалку користените играчи да бидат ослободени на слободен трансфер за да се олесни буџетот и да влезат во барањата за МЛС, иако точната сума за која треба да се намали буџетот не е јасна. Интер Мајами ја отвора својата сезона во Американската лига на 21 февруари против Реал Солт Лејк.

ПретходноМурињо откри дека одбил понуда која секој друг би ја прифатил
СледноКари е чудо, погоди шут што го нема ниту во видео-игри!