Кари е чудо, погоди шут што го нема ниту во видео-игри!

581

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс синоќа беа поразени од Лос Анџелес Клиперс со 130:125, но НБА натпреварот остана во сенка на она што го направи најдобриот кошаркар на „воините“ Стеф Кари на загревањето.

Според многумина, најдобриот шутер во историјата на кошарката ја зеде топката практично веднаш до тунелот од кој играчите излегуваат од паркетот и постигна кош со една рака, оставајќи ја целата планета во неверување.

Самиот кошаркар не можеше веднаш да поверува што направил, а кога виде дека топката заврши во кошот, можеше да го прослави својот „натчовечки“ подвиг.

Во самиот натпревар Кари постигна 41 поен, но овој кош вечно ќе се памети.

ПретходноИнтер Мајами на Меси е заглавен во финансиски проблеми, ќе треба да се раздели со играчи
СледноГотово е: Мбапе ќе го напушти ПСЖ на лето