КЛ: Динамо (З) го напаѓа Бетис за осминафинале

51

Денеска се враќаат и возбудувањата од Конференциската лига. Продолжува плеј-офот на турнирот каде не очекуваат неколку возбудливи дуели.

Еден од поинтересните натпревари кој започнува во првиот термин од 18:45 часот е пресметката во Белгија меѓу Ројал Унион и Ајнтрахт. Германците паднаа со формата во ноември и декември, но имаат подобри перформанси на стартот на новата година. Тие завршија на второто место во својата група зад ПАОК, кој директно се пласираше во осминафиналето. Белгијците веќе се етаблираа на локално ниво и повторно се стремат кон титулата. Минатата сезона стигнаа до четвртфиналето на Лига Европа .

Интересно ќе биде во Атина каде Олимпијакос го чека Ференцварош. Ајакс е домаќин на норвешки Бодо, додека Динамо Загреб на Ристовски и Адеми оди на гости во Шпанија кај Бетис.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

1/16-ФИНАЛЕ (први средби):

18:45| Молде – Легија

18:45| Олимпијакос – Ференцварош

18:45| Унион Сен Жилоа – Ајнтрахт Ф.

18:45| Штурм – Слован Б.

21:00 | Ајакс – Бодо/Глимт

21:00 | Макаби Хаифа – Гент

21:00 | Бетис – Динамо Загреб

21:00 | Сервет – Лудогорец

ПретходноЈужна Кореја му подготвува „клоца“: Клинсман пред отказ
СледноКој ќе биде наследникот на Хоџсон: Купер, Лопетеги, Мекена…