Центарот на Детроит Пистонс, Ајзеја Стјуарт беше уапсен откако го нападна ривалот на Феникс Санс, Дру Еубенкс. По разговорот со полицијата тој бил пуштен со кауција.
Стјуарт го удрил Еубенкс во лицето неколку часа пред натпреварот, а се уште не е јасно што ја предизвикало расправијата.
„Свесни сме за инцидентот меѓу Стјуарт и Еубенкс пред натпреварот. Во процес сме на собирање информации за тоа што се случило“, соопштија Пистонс.
Според извори од НБА, Стјуарт и Еубенкс се степале пред полицијата да одговори и да ги раздвои.
„Нападот врз Еубенкс беше неиспровоциран, а актите на насилство како овој се неприфатливи. Ние недвосмислено го поддржуваме Дру и ќе продолжиме да работиме со локалните органи на НБА-лигата“, рече портпаролот на Санс.
На натпреварот на 5 ноември во Детроит, Стјуарт и Еубенкс беа крајно агресивни во дуелите, а се судрија и вербално.