Деновите на Рој Хоџсон на кормилото на Кристал Палас се избројани. Ветеранот на клупата на лондончани би можел да биде ослободен пред дуелот со Евертон во понеделник, но тоа ќе се случи како и да е, поради лошите резултати и незадоволството на навивачите.
Претседателот Стив Периш сакаше Хоџсон да остане до летото, но со само 3 победи во последните 19 натпревари во сите натпреварувања, „орлите“ се најдоа во борба за опстанок, што доведе до преземање подрастични мерки за да се спречи падот.
Во оваа фаза траат дискусиите за тоа кој ќе го замени Хоџсон. Минатата недела се шпекулираше дека кандидат ќе биде поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер, кој беше претендент за оваа позиција уште минатото лето.
Стив Купер, Хулен Лопетеги и Киеран Мекена се исто така меѓу опциите.