Куп на Македонија: Еуро Никел ја доби драмата со Чаир и завери полуфинале

111

За разлика од првата четвртфинална пресметка во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“, на вториот меч во Битола видовме доста интересна пресметка, чиј победник беше решен во самиот финиш. А победник излезе Еуро Никел, кој го совлада Чаир со 87-79 и завери полуфинале. Ако чаирчани ја бараат причината за поразот тоа дефинитивно се лошата реализација на слободните фрлања во клучните моменти.

Смит со 28 поени и 9 скока беше лидер кај победникот, зад него беше Дубински со 16 поени. Во редовите на поразениот состав Роби запиша 20 поени.

Чаир 2030 отвори со 0-7, па со 2-12 после четири минути игра. На другата страна на кавадарчани им беше потребно да фатат ритам. По 17-26 во десетата минута, Еуро Никел заигра на повисоко ниво, па врати со 30-21 за 47-47 на полувремето.

По одморот битката беше речиси изедначена, со тоа што Еуро Никел во третиот период беше подобар за четири поени (22-18). Вистинската драма почна во последниот периодм водството се менуваше.

На нецели три минути до крајот, Еуро Никел водеше со 79-75. На другата страна противникот дојде на минус еден 79-78, а потоа Смит зголеми на 81-78. Рамадани повика тајм-аут, по промашувањето на Мустафица, Какруки запиша офанзивен скок и беше фаулиран, успеа да намали на 81-79 од линијата за слободни фрлања каде Начевски не беше ниту еднаш прецизен. Следеше казна, Еуро Никел врати за 86-79 и беше јасно дека ќе ја добие оваа средба.

Во полуфиналето кавадарчани ќе играат со подобриот од Пелистер и Феникс.

ПретходноРеал Мадрид е прв по приходи, англиските клубови лидери по ТВ права
СледноМурињо откри дека одбил понуда која секој друг би ја прифатил