Куп на Македонија: МЗТ Скопје лесно до полуфинале

70

МЗТ Скопје е првиот патник во полуфиналето во Купот на Македонија. Актуелниот бранител на пехарот во четвртфиналето ја оправда улогата на фаворит против Гостивар го совлада со 91-76.

Харис Делалиќ со 22 поени беше прв стрелец, зад него беа Вокру, Танасковиќ и Робев со 13 поени. На другата страна Вилијамс имаше 23 поени, Инграм 20 поени.

Изедначена битка имаше во првата четвртина која заврши 23-24 во корист на избраниците на Јорданчо Давитков. МЗТ Скопје победата ја најави во вториот период, кој го доби со 31-16 и ја направи клучната предност, на одморот замина со 54-40. Во продолжение, Гостивар не успеа да најде начин како да се врати оваа средба, единствено што успеа е да ја искористи опуштеноста на противникот и да ја намали негативата од над 20 поени.

Кошаркарите на МЗТ Скопје во полуфиналето ќе се сретнат со подобриот од мечот меѓу Работнички и ТФТ.

ПретходноКој ќе биде наследникот на Хоџсон: Купер, Лопетеги, Мекена…
СледноАтанасов: Мораме брзо да го заборавиме овој меч!