Без загубен сет, фаворитите лесно си ја завршија и четвертфиналната обврска во Купот на Македонија и обезбедија место во полуфиналето. Синоќа се одиграа шест од осумте дуели во четвртфиналната фаза на Купот на ОФМ во машка и во женска конкуренција, а домашните екипи кои ја имаа улогата на привилегирани, успеаја со максимални 3:0 да ги решат сите средби во своја полза.
Во машка конкуренција екипите на Струмица, Работнички 71&22 и Штип УДГ се полуфиналисти, додека последното место ќе го пополни подобриот од дуелот меѓу Лирија и Универзитет во Тетово кој беше одложен и ќе се одигра во нов термин.
Кај дамите, лидерот Струмица, заедно со Работнички и Наковски Волеј обезбедија место во битката за куп-трофејот, а вечерва треба да им се приклучи и последната екипа, која ќе ја бараме меѓу Јанта Волеј и Фит Фан Волеј кој својот дуел ќе го одиграат од 20 часот.
Куп на Македонија (мажи) – четвртфинале
Работнички 71&22* – Шкендија 3:0 (25:15, 25:16, 25:22)
Струмица* – ГОК Борец 3:0 (25:14, 25:16, 25:21)
Штип УГД* – Весна Пробиштип 3:0 (25:20, 25:17, 25:9)
Лирија – Универзитет во Тетово (одложен)
Куп на Македонија (жени) – четвртфинале
Работнички Скопје* – Вардар ЕМ 3:0 (25:22, 25:13, 25:20)
Јанта волеј – Фит фан волеј (четврток, 20.00)
Наковски волеј* – Младост УГД 3:0 (25:22, 25:21, 25:18)
Струмица* – Пелистер волеј 3:0 (25:13; 25:22; 25:14)