ЛЕ: Голеада во Истанбул, Феенорд и Рома одиграа реми

158

Во 1/16 финалето во Лигата на Европа во првиот термин се одиграа четири натпревари. Најинтересно и возбудливо беше во Истанбул каде Галатасарај ја совлада Спарта Прага со 3:2. Мечот освен петте гола го „украсија“ и два црвени картони, по еден на двете страни.

Галатасарај поведе во 19 минута со голот на Демирбај. Изедначи Пресиадо на стартот на второто полувреме. Следуваше автогол на Крејчи во 62 минута за водство на Галатасарај, но во наредната минута и црвен картон за Нелсон.

Спарта ја искористи играчката предност и преку Кучта го изедначи резултатот во 65 минута. Во 80 минута силите на теренот изедначени поради втор жолт картон на Рајнес од Спарта. Финишот беше возбудлив,. во 90 минута Томас Вајснер шутираше во главата на голманот Муслера во ситуација еден на еден. Во следната акција Мауро Икарди шутира од 16 метри и го погодува голот за победа од 3:2.

Во Ротердам, Феенорд и Рома одиграа 1:1. Поведе Феенорд со гол на Паиксао во 45 минута, а Рома изедначи во 67 минута преку Лукаку.

Шахтјор и Марсеј одиграа 2:2, а Спортинг славеше со 3:1 на гостувањето кај Јанг Бојс.

ПретходноЗа првпат во азиската ЛШ – второлигаш играше осминафинале
СледноБитолчани не го забораваат легендарниот „Буштур“