ЛЕ: Тргнува битката за осминафинале

79

Вечерва со првата плеј-оф рунда продолжуваат натпреварите и во второто по ранг европско натпрварување, Лига на Европа. Во оваа фаза ќе се соочат преостанатите второпласирани екипи во групите од натпреварите во ЛЕ со преостанатите третопласирани екипи кои им се придружија од поредокот во Лигата на шампионите.

Во оваа фаза паузираат екипите кои веќе обезбедија пласман во 1/8-финалето на турнирот, а тоа се: Аталанта, Брајтон, Баер (Леверкузен), Ливерпул, Ренџерс, Славија (Прага), Виљареал и Вест Хем.

Во еден од најинтересните натпревари Милан денеска ќе се соочи со францускит Рен. „Росонерите“ не успеаја да минат низ една од најтешките групи во ЛШ, но сепак успеаја да задржат пласман во европската пролет. Тимот на Стефано Пиоли ќе се обиде да ја продолжи својата добра серија и во Милано да обезбеди резилтат за пласман во осминафиналето на турнирот.

Уште еден италијански претставник Рома трета сезона по ред ќе се соочи со Феенорд. „Волчицата“ извојува победа над холандскио гигант за триумф во финалето на Конференциската лига во 2022 година. Минатата година Римјаните повторно успеаја да ги совладаат холандските противници, овојпат со 4:2 во четвртфиналето на Лигата на Европа. Дали и по третпат ќе бидат подобри, останува да видиме.

Гигантот од Истанбул, Галатасарај ќе бара повторно да ги разгори спомените од пред 23 години кога победија во финалето против Арсенал и го освоија единствениот европски трофеј. На својот пат пред себе ја имаат Спарта Прага, која ќе биде лут ривал. Чесите веќе докажаа дека не се тим за потценување откако успеаја да го победат Бетис и да го исфрлат, завршувајќи на второто место во својата група зад Ренџерс.

ЛИГА НА ЕВРОПА / 1/16-ФИНАЛЕ (први средби):

18:45| Феенорд – Рома

18:45| Галатасарај – Спарта Прага

18:45| Шахтјор Доњецк – Олимпик Марсеј

18:45| Јанг Бојс – Спортинг Лисабон

21:00 | Бенфика – Тулуз

21:00 | Ленс – Фрајбург

21:00 | Милан – Рен

21:00 | Брага – Карабах

ПретходноТолку од тренерската кариера, Руни сака да се проба во боксерскиот ринг
СледноЈужна Кореја му подготвува „клоца“: Клинсман пред отказ