Македонската фудбалска репрезентација падна три места на најновата, денеска објавена ранг листа на светски фудбалски репрезентации според ФИФА. Нашиот национален тим годината 2023 ја заврши на 65 место, но по одржувањето на Купот на африканските нации и Азискиот круп, дојде до промена на листата и покрај тоа што ние немавме ниту еден одигран меч од почетокот на 2024 година.
Македонија сега е на 68. место во пад за три позиции. На оваа позиција бевме и во јуни и јули минатата година.
На врвот на ФИФА листата нема промени. И натаму најдобра светска репрезентација е Аргентина, пред Франција, Англија, Белгија и Бразил.