Пелистер е последниот полуфиналист во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“ на кој домаќин е токму „градот на конзулите“. Во четвртфиналето славеше против Феникс со 81-70. Во битката за место во финалето, битолскиот тим ќе го има тимот на Еуро Никел.
Магдевски со 17 поени беше лидер во редовите на Пелистер, 14 поени и 11 скока имаше Маслинко, на другата страна Џонс постигна 20 поени,
Феникс добро влезе на мечот по пет минути игра поведе со, но тоа влезе во криза. Пелистер успеа да се разбуди благодарение на Маслинко и Лука Стојановски, кои направија пресврт и донесоа водство од 18-14. Од овој момент, Пелистер некако успеа да држи ритам, водството не беше големо, на одморот домашниот тим водеше со 38-35.
Главниот чекор кон победата кошаркарите на Пелистер го направија во третата четвртина кога со тројките на Костоски и Лука Стојановски поведоа со 58-43. Од овој момент домаќинот почна да чекори кон победата. Феникс беше катастрофален во нападот, без организација, делуваше анемочно на теренот. Сценарио кое одеше во прилог на противникот, кој пак искусно го приведе дуелот во своја корист.
Избраниците на Денис Дервишевиќ на минута и пол се разбудија, но веќе беше доцна.