Битола од средата па наваму е во центарот на вниманието кога станува збор за спортот во нашата земја. Прво ракометниот клуб Пелистер играше против ПСЖ во Лигата на шампиони, а од денеска започна кошаркарскиот спектакл, овој град е домаќин на Купот на Македонија.
На трибините во салата „Боро Чурлевски“ за мечот меѓу Пелистер и Феникс беа дел од ракометарите на актуелниот ракометен првак. Кузмановски, Танкоски, Атанасијевиќ, Костески, Лесјак…ги бодреа кошаркарите.