Реал Мадрид е прв по приходи, англиските клубови лидери по ТВ права

371

Реал Мадрид е тимот кој најмногу заработил за сезоната 2022/23, според извештајот на УЕФА. Приходите на „кралевите“ се проценуваат на 841 милион евра, што е малку неусогласено со официјалните бројки објавени од клубот, според кои таа бројка е 843 евра или два милиони повеќе. Втор на ова рангирање е освојувачот на тројната круна, Манчестер Сити со 836 милиони евра. Интересно е што токму „граѓаните“ застанаа на патот на мадриѓаните откако ги елиминираа во полуфиналето. Само уште два од европските гиганти успеваат да ја поминат границата од 800 милиони евра и тоа се Барселона со (815 милиони) и ПСЖ (807 милиони).

Вкупно, 132-те клубови кои ги анализираше УЕФА забележаа раст од 13% на нивните приходи. Најмногу тимови на ранг-листата на УЕФА има од Премиер лигата – Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Челзи, Арсенал, Вест Хем, Њукасл и Брајтон, покрај Манчестер Сити, а вкупниот приход на англискиот шампионат се проценува на 6,5 милијарди евра. За споредба, Ла Лига постигнува само 3,3 милијарди, а Бундеслигата 3,2 милијарди од европската валута. 18 од 20-те клубови кои заработија најмногу ТВ права се од Премиер лигата, а единствените други два тима се Барселона (15.) и Реал Мадрид (10.).

Интересен детал од извештајот е ограничувањето на трошоците од страна на Реал кој е прв по приходи, но само петти по расходи за плата. Минатата кампања тие потрошија само 320 милиони на оваа точка во буџетот, или 31% помалку од претходната година, кога избраниците на Карло Анчелоти триумфираа во Лигата на шампионите. Најсериозни трошоци за плати имаат ПСЖ (529 милиони), Барселона (505 милиони), Манчестер Сити (389 милиони) и Челзи.

Претходно“Бомба“ во Градски парк: Работнички потпиша со некогашен играч на Лестер!
СледноКуп на Македонија: Еуро Никел ја доби драмата со Чаир и завери полуфинале