Ракометната федерација на Македонија го исфрли РК Аеродром од Суперлигата, откако овој тим не ја исполни законската обврска за настап во највисок ранг- да се пререгистрира во акционерско друштво.
Тоа значи дека сите противници на Аеродром во плеј-офот ќе забележат службена победа од 10-0.
,,Согласно доставената информација и известување од страна на Комисијата за лиценцирање при Ракометна Федерација на Македонија, во врска со постапката за финализирање на административните формалности за процесот на трансформација на Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром во трговско односно акционерско друштво, на состанокот одржан на ден 12.02.2024 година се констатираше дека Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром ја нема исполнето законската обврска за трансформација на спортскиот субјект од здружение во трговско односно акционерско друштво согласно Законот за спорт член 6-а и член 9-а”, стои во билтенот на РФМ.
Казна доби и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во износ од 60.000 денари.