Сакраменто се врати од минус 16 и повторно го победи Денвер

108

Кошаркарите на Сакраменто го победија шампионот Денвер со 102:98 и вторпат во последните пет дена се израдуваа на меѓусебен триумф. Сакраменто заостануваше во поголемиот дел од натпреварот, губеше и со 16 поени разлика, но на крајот победи благодарение на Дирон Фокс, кој постигна 30 поени со по осум скока и асистенции, и Домантас Сабонис, кој постигна 20 поени и 13 скока.

Арон Гордон беше најдобар кај Денвер со 25 поени и 15 скока, а невообичаено лоша вечер имаше српскиот центар Никола Јокиќ кој промаши 11 од 17 шута и мечот го заврши со 15 поени.

Кошаркарите на Шарлот беа подобри од Атланта со 122:99 на свој терен и со тоа го забележаа третиот триумф во низа.

Мајами на гостински терен ја победи Филаделфија со 109:104 со одличната партија на Бем Адебајо и Тајлер Хиро кои постигнаа по 23 поени.  Во редовите на Филаделфија се истакна Тајрис Макси со 30 поени.

Далас го совлада Сан Антонио со 116:93, со 34 поени на Кајри Ирвинг и 27 на Лука Дончиќ, а Лос Анџелес Лејкерс ја победи Јута со 138:122.

НБА резултати:

Шарлот – Атланта 122:99

Орландо – Њујорк 118:100

Филаделфија – Мајами 104:109

Бостон – Бруклин 136:86

Кливленд – Чикаго 108:105

Торонто – Индијана 125:127

Мемфис – Хјустон 121:113

Њу Орлеанс – Вашингтон 133:126

Далас – Сан Антонио 116:93

Денвер – Сакраменто 98:102

Феникс – Детроит 116:100

Јута – ЛА Лејкерс 122:138

Голден Стејт – ЛА Клиперс 125:130

ПретходноЛШ: Мбапе и компанија со два гола предност одат во Баскија (ВИДЕО)
СледноКуп на ОФМ: Фаворитите без загубен сет до полуфинале