“Сигурен сум дека Меси би сакал кариерата да ја заврши како играч на Барса!“

795

Во јуни Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер во историјата ќе наполни 37 години. Во моментов тој игра за Интер Мајами, ама според зборовите на Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига, некои работи можат да се променат кога станува збор за Аргентинецот.

Посебно ако се знае што значи Барса за него:
“Поради желбата која ја имаат и Барса и Меси, тоа е мошне веројатно, па и близу до остварување. Кога постои таква поврзаност, тогаш нема економски пречки, секкој проблем може да се реши. Сметам дека ова е веројатно, а сигурен сум дека Меси би сакал кариерата да ја заврши во Барса“ изјави Тебас.

Изјава која денеска ја пренесуваат сите медиуми во Шпанија.

ПретходноФранција потврди на ЛОИ во Париз ќе има руски и белоруски спортисти
СледноХрватската федерација го отпушти Јарни затоа што изјави дека ќе навива за Бетис против Динамо (З)