Смилковски: Еден од судиите не беше достоен за четвртфинале

353

ТФТ имаше шанса да се најде во полуфиналето во Купот на Македонија. Одигра добро во првото полувреме, а потоа на свои грешки го загуби дуелот со Работнички.

По мечот тренерот, Боро Смилковски, причината за поразот прво ја посочи во својот тим, а потоа во третиот судија на дуелот. Според него тој воопшто не бил планиран да биде дел од ова четвртфинале, во Битола дошол како замена, што пак е сосема погрешна одлука бидејќи не бил достоен за четвртфинален меч.

„Честитики до Работнички. Морам да истакнам дека во последната четвртина, не знам дали беше тендециозно, но имавме катастрофални судиски грешки, особено третиот судија на овој меч, кој беше замена, не беше планира да суди. Првпат во животот се осудувам да ги коментирам судиите, но ние премногу се вложуваме во ова, матријално, емотивно и временски. Повторувам, поразот го гледам во нашиот тим, но и апсолутно во еден од судиите, кој не беше достоен за четвртфинале“. 

ПретходноВечно дерби во Битола, Работнички му закажа полуфинале на МЗТ Скопје!
СледноБарселона ќе бара одземање на титула на Реал Мадрид поради кошаркар со фалсификуван пасош