Франција потврди на ЛОИ во Париз ќе има руски и белоруски спортисти

123

Франција нема да прави проблеми за учеството на руските и белоруските спортисти на ретсојната Олимпијада во Париз. Ова вчера го отврдија организаторите на ЛОИ.

„ИОК им дозволи на руските и белоруските спортисти да учествуваат на Игрите во 2024 година под неутрално знаме. Франција ја почитува автономијата на спортската заедница и одлуката на комитетот. На националните федерации и на ИОК им останува да идентификуваат спортисти кои ги исполнуваат критериумите на неутралност и, соодветно, можат да учествуваат на Игрите. Франција ќе се погрижи овие критериуми строго да се почитуваат пред и за време на Олимпијадата. Издавањето на визите ќе се врши во согласност со законодавството и безбедносните прописи кои се во сила за време на Игрите“, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

Летните олимписки игри 2024 година во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

ПретходноВорнок: ВАР му поништи чист гол на Миовски
Следно“Сигурен сум дека Меси би сакал кариерата да ја заврши како играч на Барса!“