Хоџсон заминува од Кристал Палас, а на негово место доаѓа екс-тренерот на Ајнтрахт

368

Во четвртокот кружеа информации дека Кристал Палас ќе го смени Рој Хоџсон од клупата на лондонскиот клуб, а тренерот не се појави на прес конференцијата пред претстојниот првенствен меч против Евертон и клубот објави дека причината е дека се разболел. Клубот соопшти дека Хоџсон е во болница и неговата состохба е стабилна.

На месстото на Хоџсон во иднина екипата ќе ја води поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер.

Гласнер го предводеше Ајнтрахт до освојување на Лига Европа во финалето 2022/23 по победата над Ренџерс на пенали. Го однесе бундеслигашот до нокаут фазата во ЛШ, а потоа следуваше низа од 10 меча без победа поради што Австриецот доби отказ  на крајот на минатата сезона.

 

ПретходноБарселона ќе бара одземање на титула на Реал Мадрид поради кошаркар со фалсификуван пасош
СледноЗа првпат во азиската ЛШ – второлигаш играше осминафинале