Веспрем им нанесе тежок пораз на Митревски и Порто

71

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски и неговиот Порто беа убедливо поразени на домашен терен од Веспрем со 26-40 во меч од 11. коло во Лигата на шампиони.

За португалскиот тим ова беше осми пораз на сезонава, со три победи се наоѓа на претпоследното место на табелата во групата Б.

Митревски запиша осум одбрани од 22 шута кон неговиот гол. Кај Веспрем Омар беше прв стрелец со шест гола, на другата страна Фернандез имаше пет погодоци.

На останатите средби АЛборг беше убедлив против ППД Загреб 32-22, Пик Сегед го победи Колстад со 29-27, додека пак Магдеборг славеше против Висла со 28-22.

ПретходноЛК: Динамо Загреб го изненади Бетис, Ајакс се спаси со два гола во судиското продолжение
СледноЛК: Милан го растури Рен, сензационален триумф на Карабах во Брага