Деновите на Рој Хоџсон на кормилото на Кристал Палас се избројани. Ветеранот на клупата на лондончани би можел да биде ослободен пред дуелот со Евертон во понеделник, но тоа ќе се случи како и да е, поради лошите резултати и незадоволството на навивачите.
Претседателот Стив Периш сакаше Хоџсон да остане до летото, но со само 3 победи во последните Во Бостон, САД, во периодот од 6 до 8 февруари се оддржа медицинската конференција на ФИФА на која свое учество земаа и нашите д-р. Невзат Јонузи – раководител на одделот за медицина во Фудбалската федерација на Македонија и д-р Анѓелина Крстева – дел од медицинскиот тим во женската А репрезентација.
Конференцијата на ФИФА ги собра медицинските професионалци од целиот свет на значаен собир, давајќи им можност да споделат знаење и да разменуваат идеи и искуства, како дел од напорите на ФИФА да ја направи фудбалската медицина достапна за сите асоцијации членки.
Дводневната конференција во Бостон се фокусираше на најновите научни истражувања и медицински достигнувања низ фудбалот и улогата на ФИФА во промовирањето на здравјето на играчите на сите нивоа.
„Во рамките на ФИФА конференцијата, нашата стратешка мисија е да го подобриме здравјето на играчите преку поставување стандарди во клиничката нега и управување и сакаме тие стандарди да бидат што е можно повисоки, истакна д-р Ендрју Маси, директор на Медицинскиот оддел на ФИФА.
На медицинската конференција, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино зборуваше за важноста што светската организација ја дава во насока на здравствена заштита на играчите.
„Сите моравме да се справиме со Ковид -19 не толку одамна и да се вратиме во фудбалот од пандемијата и сите успеавме да го направиме тоа заедно на најдобар можен начин. Значи, ќе мора да продолжиме да инвестираме во медицински истражувања, во медицинска активност, во технологија, како и помагање на медицината. Вие сте тука да ни помогнете и да му помогнете на светот да напредува и да преземете чекори напред во заштитата на здравјето на играчите и сите оние кои ги опкружуваат“, истакна Инфантино.