За првпат во азиската ЛШ – второлигаш играше осминафинале

335

Историски ден за Вентфорет Кофу, јапонскиот тим кој стана првиот второлигашки клуб кој заиграл во осминафинале на азиската Лига на шампиони. Кофу, кој заврши како осмопласиран во Втората јапонска лига се најде во ЛШ оваа сезона поради тоа што го освои Купот.

Доби право првпат да игра во елитното азиско натпреварување и во групата беше прв со 11 бодови (три победи, две ремија и еден пораз) во друштво на Мелбурн Сити од Австралија, кинески Женџијанг и Буринам Јунајтед од Тајланд.

Сепак, Кофу на првиот осминафинален меч против јужнокорејскиот шампион Улсан изгуби со 3:0. На реваншот ќе има пеколно тешка задача за да избори четвртфинале.

ПретходноХоџсон заминува од Кристал Палас, а на негово место доаѓа екс-тренерот на Ајнтрахт
СледноЛЕ: Голеада во Истанбул, Феенорд и Рома одиграа реми