Фудбалерите на Милан со убедлива победа против францускиот Рен 3:0 ја отворија нокаут-фазата во Лигата на Европа и направија чекор напред кон осминафиналето. Мечот беше отворен со пречка на Рафаел Леао, а по пола час Рубен Лофтус-Чик погоди со глава по нафрлување на Флоренци од десната страна.
На самиот старт на второто полувреме повремениот англиски репрезентативец го постигна вториот гол на натпреварот, а сега на асистенција на Симон Кјер. А во 53 минута Леао и Хернандез одиграа убава акција, по која Бразилецот погоди за конечни 3:0.
А Карабах од Азербејџан направи сензација со победата од 4:2 на гостувањето кај Брага. Азербејџанскиот првак имаше предност од 4:1 до финишот, а во 91 минута намали Мутињо од пенал.
Бенфика го победи Тулуз со 2:1, а двата гола ги постигна Ди Марија од пенал со тоа што победничкиот во осмата минута од судиското продолжение.
Ленс и Фрајбург одиграа без голови.