По 4 години драма и тензии, се чини дека трансферот на младата ѕвездана светскиот фудбал, Килијан Мбапе во Реал Мадрид е се по извесен. Вчеравечер сите светски медиуми ја објавија веста дека Мбапе му соопштил на претседателот на ПСЖ, Насер Ел Келаифи дека летово ќе си замине од клубот како слободен играч.
Наводно на денешниот тренинг Мбапе и лично им ја соопштил својата одлука на соиграчите од парискиот гигант, каде што е член од 2018 година. До крајот на вчерашниот ден беа објавени новости дека наводно одборот на Реал Мадрид веднаш испратил понуда до Мбапе, но се уште нема одговор од Французинот.
Реал напорно работи да го донесе Мбапе во своите редови уште од пред неколку сезони, но се чини дека тоа ќе се оствари ова лето.