Сакал да поднесе оставка, играчите не му дале

1797

Искусниот фудбалски тренер, Клаудио Раниери ги известил играчите на Каљари дека сака да поднесе оставка, но тие тоа го одбиле и го убедиле да остане во клубот. Каљари се мачи во зоната за испаѓање и впиша четири порази во последните четири меча од Серија А. По неделниот домашен пораз од Лацио 1:3, Раниери одлучил да поднесе оставка од позицијата, меѓутоа играчите го предомислиле.
„Разговарав со екипата, им требаше електрошок. Им реков дека ќе поднесам оставка, но тие беа против. Ми кажаа дека треба да се бориме и се сложив со нив. Побараа да се повлечеме и да тренираме и тоа ќе го направиме“, изјави Раниери.
Каљари во недела ќе му гостува на Удинезе.

ПретходноСамарџиев: Ни пресудија Војдан и Дамјан! Немам забелешки за моите играчи
СледноТанасковиќ: Ја исполнивме целта, им се одмаздивме за поразот!