Утринава по наше време се одиграа само три меча во НБА лигата. Најголемо внимание предизвика дуелот меѓу Голден Стејт и Јута, кој на крајот има припадна на „Вориорси“ со 140:137. Фуриозен меч со многу поени, но така е кога играат овие две екипи.
Интересно Стеф Кари беша некако “тивок“, мечот го заврши само 16 поени, но и со 10 асистенции.
Прва ѕвезда кај победничкиот тим беше Клеј Томпсон со 35 поени, исто толку поени постигна Секстон кај поразениот тим.
Милвоки беше поразен од Мемфис со 113:110. Јанис Адетокумбо постигна 35 поени, имаше и 12 асистенции, но “Бакси“ во последните секунди од средбата кога требаше да имаат шут за израмнување просто се избрукаа. Имено тие не можеа да ја пренесат топката во противничката половина, и кога тоа едвај некако го сторија нормално дека следуваше големо промашување и победа за Мемфис.
ENERGYYYYYY pic.twitter.com/DMBNDrzD4W
— Memphis Grizzlies (@memgrizz) February 16, 2024
И во третиот меч Минесота со 128:91 просто го растури Портланд. Блескаше Едвардс со 34 поени.