„Чкембари“ го одржаа зборот и порачаа: Спортот е за навивачи!

188

„Чкембари“ го одржаа зборот што го дадоа денеска, откако на навивачите на МЗТ Скопје и Работнички не им беше дозволено да присуствуваат во полуфиналето на Купот на Македонија.

Тие во првата четвртина на дуелот меѓу нивниот Пелистер и Еуро Никел беа седнати во својата трибина, не навиваа и имаа порака: Спортот е за навивачи.

За разлика од првото полуфинале кое се играше пред празни трибини, на втората средба, очекувано, битолчани дојдоа да ги бодрат своите кошаркари, сакаат нивниот тим да стигне до финале и да се закити со првиот пехар после долго време.

По првата четвртина резултатот е 18-13.

ПретходноВидеолотарија Касинос Австрија со поддршка за Федерацијата Кикбокс Маитаи
СледноХоџсон е во болница, дали веќе заврши со Кристал Палас?