Буњамин Шабани: Работнички? Традицијата вели дека тие мечеви се пријатни за нас!

234

Шампионот, тимот на Струга ТЛ својот прв официјален меч во 2024 година ќе го има во недела на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје каде ќе му гостува на Работнички.

Од таборот на Струга ТЛ не кријат дека сакаат не само да го задржат првото место кое што го заработија во есенскиот дел, туку и освојување на нова титулата во ПМФЛ.

Капитенот на стружани Буњамин Шабани во пресрет на неделното гостување кај Работнички за клупскиот сајт изјави:

Работнички? Традицијата вели дека тие мечеви со Работнички секогаш биле пријатни за нас. Речиси 90% од тие дуели завршиле со наша победа. Така нека биде и во недела во рамките на првото пролетно коло во сезната. Се надевам дека таа традиција ќе продолжи. Инаку ни е не криеме дека одиме по нова титула, јасно е дека во Шкупи и Шкендија имаме силни ривали, но сепак ние сме шампиони, имаме одличен тим и се надевам дека на крајот ние ќе биде тие кои ќе се радуваат“ изјави офанзивецот на Струга ТЛ.

ПретходноДортмунд е голем клуб: Еве како соиграчите му честитаа на Але за титулата во АКН! (ВИДЕО)
СледноРаботилница за лиценцирање во Куќата на фудбалот! (ФОТО)