Во 2019 година, францускиот напаѓач на Атлетико, Антоан Гризман и се приклучи на Барселона, но овој дел од неговата кариера тешко може да се нарече успешен. Во Барса одигра 102 натпревари и постигна 35 гола.
Во 2021 година се врати на позајмица во Атлетико, а подоцна „јорганџиите“ го купија Французинот. Гризман смета дека трансферот во каталонскиот тим за малку ќе му ја уништел кариерата.
„Решив да заминам затоа што ја достигнав мојата психолошка граница, ги обвинував сите други што не играа на вистинското ниво, си реков дека морам да заминам затоа што мислев дека таму (во Барселона) ќе ми биде подобро.
Сакав да се обидам и по неколку месеци сфатив дека не сум толку среќен како во Мадрид и Атлетико, се обидов да се вратам и се сеќавам дека му кажав на тренерот дека сакам да се вратам кога тој ме повика на последниот ден од преодниот рок. И реков на сестра ми: „Направи се што е потребно за да ме вратиш, а јас ќе го сторам останатото“.
Бев лут и на себе и морав да работам, да бидам тивок. Знаев дека ќе бидам почитуван (од навивачите) се додека дадам се од себе. А тие видоа дека дадов се.
Пред се им благодарам на соиграчите, тие ми се многу важни. Благодарност до стручниот штаб, Симеоне, Мигел Анхел Хил, Серезо, навивачите… Не сакам никого да заборавам.
Ќе давам се од себе, среќен сум и горд што сум овде. Направив грешка која може да му се случи на секого, но ќе направам се за да бидете горди на вашиот број 7“, изјави напаѓачот на Атлетико.