Гут Бехрами најбрза во Кран Монтана

55

Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешниот спуст во Кран Монтана, инаку шести спуст во сезоната од Светскиот куп во алпско скијање.
До првата победа во спустот, а вкупно седма оваа сезона, Швајцарката победи со време од 19 секунди и 11 стотинки. Инаку тоа е нејзина 44. победа во СК.
Со 21 стотинка заостанување второто место го поделија Швајцарката Жасмин Флури и Австријката Корнелија Хутер.
На четвртото, петтото и шестото место завршија Лаура Пировано, Марта Басино и Федерика Брињоне.
Италијанката Софија Гоџа, водечката во спустот со 350 бодови, се повреди на тренинг и ја заврши сезоната. Гут-Бехрами е втора со 309 бодови, а трета е Стефани Вение со 287 бодови.
Инаку Гут-Бехрами е водечка во генералниот пласман со 1314 бодови.
Утре во Кран-Монтата се вози уште еден спуст, а во недела супервелеслалом.
Во машка конкуренција на 17 и 18 февруари се трките во спуст и супервелеслалом во Квитфјел, Норвешка.

ПретходноНајдобриот стрелец на КАН исфрлен од репрезентацијата, а тој порача: Во Сојузот лажат и крадат пари
СледноГризман: Трансферот во Барселона беше огромна грешка