Забрана за навивачи во Битола: Вечното дерби без најважните!

448

А требаше да биде празник на кошарката. Требаше! Но, сепак нема да биде. Попладнево од 17 часот во првото полуфинале во Купот на Македонија во Битола ќе играат МЗТ Скопје и Работнички.

Секако дека мечот ќе се игра, но без навивачи на МЗТ Скопје и Работнички.

Имено имено има забрана за присуство на организирано присуство на навивачи, значи ова вечно дерби ќе мине без најважните, без навивачките групи на двата скопски кошаркарски клуба.

Имено од страна на организаторот КК Пелистер, испратен е мејл до двата клуба во кои стои известување дека овој меч ќе се игра без присуство на организирана група на навивачи. Тоа значи дека „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“ нема да можат да присуствуваат на овој меч.

Оваа одлука се оправдува од безбедносни причини.

И од двата клуба не кријат дека се гневни на оваа одлука на организаторот. May be an image of text that says 'Original Message------ Subject: Date: 2024-02-16 10:20 From: KK PELISTER Bitola <kkpelister23@gmail.com> To: contact@mztskopjeaerodrom.mk почитувани, сакаме да ве известиме дека поради безбедносни причини присуство на навивачки групи на денешниот натпревар нема да има. Co почит, KK пелистер'

ПретходноМиовски е нивна икона: Фановите на Абердин со македонско знаме го бодрат Бојан! (ФОТО)
СледноДортмунд е голем клуб: Еве како соиграчите му честитаа на Але за титулата во АКН! (ВИДЕО)