Интер убедлив против „фенерџијата“ (ВИДЕО)

175

Фудбалерите на Интер ja совладаа Салернитана во Милано со 4:0 во првиот меч од 25. коло во италијанската Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги одиграа уште еден одличен натпревар во Серија А и со новиот триумф се оддалечија на врвот на табелата со 10 бода повеќе од Јувентус.

Домашните поведоа веќе во 17. минута кога Маркус Тирам погоди за 1:0 (ВИДЕО). Две минути подоцна, Лаутаро Мартинез зголеми на 2:0 (ВИДЕО), а работите тргнаа на полошо за гостите кон средината на првото полувреме кога Боатенг се повреди, а Интер постигна уште еден гол во 40. минута преку Дамфрис за 3:0 (ВИДЕО).

Арнаутовиќ во финишот на мечот го затвори мечот со гол за 4:0 (ВИДЕО).

ПретходноЛиверпул без Алисон и на утрешниот меч со Брентфорд
СледноРозберг: Го разбирам Хамилтон, си ги исполни детскиот сон