Касаи на 51 година се врати во СК и постави неверојатен рекорд

189

Јапонскиот ски-скокач, Нориаки Касаи настапи на денешните квалификации во Сапоро и го освои 45. место и на тој начин се квалификуваше во главното натпреварување и стана првиот ски-скокач во историјата со 50 и повеќе години кој ќе се натпреварува во Светскиот куп.
Касаи доскокна 106 метри, 30 метри помалку од најдобриот Мануел Фетнер и тоа му беше доволно да се квалификува за утрешното главно натпреварување. Касаи ќе се најде на скокалницата со 51 година, 8 месеци и 11 дена со што ќе постави рекорд кој тешко дека во блиска иднина ќе го собори.
Инаку саботните скокови во Сапоро ќе се одржат во 8 часот по средноевропско време.

ПретходноЗапочнува пролетниот дел од Детска лига, ФФМ со нова донација за тимовите
СледноКФСМ: МЗТ и Работнички требаше многу порано да најават дека ќе доаѓаа нивни навивачи