КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вечните одиграа меч за „историја“, МЗТ се пласираше во финалето (ФОТО)

303

Вечните ривали одиграа меч за историја. За првпат една нивна пресметка мина без навивачки групи, пред едвај 100 навивачи, наместо Куп спектакл, беше траорна атмосфера. И покрај ова двата тима мораа да го бараат мотивот, на крајот во финалето се пласираше МЗТ Скопје, кој славеше против Работнички со 81-76.

Војдан Стојановски беше играчот на мечот, имаше 18 поени, осум асистенции, 4 скока, 6 украдени топки. Ист број на поени имаше Танасковиќ, кој запиша дабл-дабл, имаше 11 скока. На другата страна Трис запиша 20 поени, 19 поени имаше Декоси.

Избраниците на Васко Атанасов отвориј со седум поени во низа, дело на Војдан и Дамјан Стојановски. На другата страна Работнички веднаш имаше одговор, не му дозволи на противникот брзо да дојде до голема предност по новите плус седум (9-2). Нешто подоцна, Ефремовски постигна тројка, Трис со два поени, го донесоа првото водство на својот тим 11-12 во четвртата минута. Водството се менуваше, со тоа што првата четвртина ја добија „сино-белите“ со 26-22.

Во следниот период не гледавме квалитетна кошарка. МЗТ Скопје чуваше минимална позитива, која во 15 минута изнесуваше плус седум (37-30), период во кој Рикиќ не беше на ниво како во првата четвртина, а „сино-белите“ одиграа нешто подобро во одбраната. На одморот резултатот беше на 43-38.

Војдан го отвори второто полувреме со тројка за 46-38, и не застана тука, играше одбрана, остваруваше скокови и благодарение на неговите нови поени, МЗТ Скопје заигра многу подобро. Се надоврзаа Дамајн и Танасковиќ за двоцифрени 55-43 во 24 минута.

Сепак и на другата страна Работнички имаше што да каже. Го искористи отсуството на Војдан на теренот, во три минути направи серија од 12-1 за 56-55. Се врати Војдан, се разигра тимот, Вокру влезе во ритам, веќе во нападот беше полесно, МЗТ поведе со двоцифрени 67-57. Декоси погоди тројка од пола терен за 67-60 на стартот на последната четвртина.

Војдан мораше да излезе на кратко поради четвртта лична грешка, Работнички спушти на 67-62. Неизвесноста се врати по поените Рикиќ за 70-69 на пет и пол минути до крајот. МЗТ Скопје чекореше по тенка линија, одржуваше позитива од четири поени, вака беше на 1:40 до крајот. Џелетовиќ намали на 77-76, Дамјан Стојановски зголеми на 79-76, а притоа судиите не видоа фаул. Работнички не искористи напад, Вокру зголеми на 81-76, останаа 14 секунди, недоволни за нешто повеќе.

Тимот од Аеродром во финалето ќе се сретне со подобриот од Пелистер и Еуро Никел, дуел кој почнува во 19:30 часот.

ПретходноКФСМ: МЗТ и Работнички требаше многу порано да најават дека ќе доаѓаа нивни навивачи
СледноСамарџиев: Ни пресудија Војдан и Дамјан! Немам забелешки за моите играчи