Куп спектаклот продолжува: Вечните во нова пресметка, Битола сонува за финале!

164

Денеска продолжуваат мечевите во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“, на програмата се полуфиналните пресметки. Во салата „Боро Чурлевски“ се очекува да биде вистински спектакл бидејќи за место во финале ќе се борат вечните ривали, МЗТ Скопје и Работнички (17 часот).

Ова сезона приказната е поинаква, „црвено-белите“ после долго време го совладаа најголемиот ривал во меч од Првата лига, па тешко може да се погоди дали бранителот на пехарот или пак најтрофејниот кошаркарски колектив ќе го грабне финалниот билет.

„Сите го очекуваа ова дерби, МЗТ Скопје имаше полесен натпревар. Но, тоа што играа порано нема да биде проблем, мотивацијата ќе биде на прво место. Убаво ќе биде убаво да се видат двете навивачи групи на трибините. Заслужуваме поголема посетеност, се надевам дека полуфиналето ќе се игра пред полна сала. Знаете дека дербито не го одлучива тренер или играч, туку мотивацијата. Мора да го поправиме грешките од дуелот со ТФТ“, изјави Горан Самарџиев, кој сонува за својот прв пехар како тренер во ова натпреварување.

Кошаркарскиот спектакл треба да го достигне врвот два и пол часа подоцна, кога домаќинот Пелистер против Еуро Никел ќе се обиде да стигне до финалето. Двата тима имаат интересна историја на пресметки, кавадарчани последен пат славеа по продолжение.

„Играме со Еуро Никел, екипа која е во неверојатен шутерски ритам. Ќе биде тешко, но мора да дадеме 200% од нашите можности. Имаме и „свежа крв“ во името на Амир Најт, кој полека се вклопува во нашиот систем и мислам дека ќе биде солидно засилување со АБА лигашко искуство“, изјави тренерот на Пелистер, Дарко Радуловиќ.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе му суди на Вардар во Гостивар!
СледноСо овој болид Макс Верстапен ќе атакува на нова титула во Формула 1!