Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер ќе пропушти и втор натпревар по ред за „црвените“ во Премиер лигата. Тренерот на тимот, Јирген Клоп, потврди дека Бразилецот нема да биде на голот за својот тим на гостувањето кај Брентфорд во Лондон.
И на овој меч како стартер за „црвените“ ќе биде резервистот Келехер. Слични проблеми како голманот на Ливерпул имаат и Тиаго Алкантара и Доминик Собослај. Алисон го пропушти натпреварот со Барнли во неделата поради грип, а поради повреда Клоп нема да смета и на Трент Александер-Арнолд.