Луис Суарез: По Интер Мајами одам во пензија

113

На крајот на 2023 година, поранешниот напаѓач на Национал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона, Атлетико, Гремио, Луис Суарез се пресели во Интер Мајами во МЛС како слободен фудбалер.
А овој клуб ќе биде последен за уругвајскиот репрезентативец.
„Интер Мајами ќе биде последен клуб во мојата кариера. Мојата фамилија тоа го знае, не го знам датумот но тоа ќе ми биде последниот чекор. Сега зборувам за тоа и би заплакал, но морам да се подготвам. Се сеќавам еден поранешен играч ми рече дека фудбалерот никогаш не е спремен за да ја заврши кариерата“, изјави 37-годишниот играч.
Суарез има договор со Интер Мајами на една сезона со опција за продолжување на уште една.

ПретходноВардар славеше убедливо на средбата со Т. Пролет
СледноПелистер после 15 години ќе игра финале во Купот на Македонија (ФОТО)