Ретко кој наш фудбалер може да се пофали дека во својот клуб кај фановите на тој клуб е убедливо најпопуларен фудбалер. Дека е нивна икона, дека само поради него доаѓаат на трибините со македонско знаме да го бодрат него, но и нивниот тим.
Еден од тие ретките е Бојан Миовски кој со своите голови и фантастични настапи не само што ги “запали“ фановите на Абердин туку ја “збудале“, во позитивна конотација, и фудбалска Шкотска.
Па така во негова чест фановите на Абердин на секој меч со македонско знаме го бодрат својот тим, секако го бодрат и својот херој – Македонецот Бојан Миовски.