Најдобриот стрелец на КАН исфрлен од репрезентацијата, а тој порача: Во Сојузот лажат и крадат пари

753

Капитенот на фудбалската репрезентација на Екваторијална Гвинеја, Емилио Енсуе е исфрлен од националниот тим по завршувањето на Купот на африканските нации на кое ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец.
ФС на Екваторијална Гвинеја го суспендира фудбалерот поради „недисциплина пред и после Африканскиот куп на нациите“.

А тој во интервју удри по челниците на ФС.
Ме исфрлија од репрезентацијата без објаснување. Измислија некој интерен правилник по кој сум суспендиран. Ме понижија пред цел свет. Јас сум спремен да умрам за татковината, ќе ја дадам „Златната копачка“ на мојот народ, нека се радува. Репрезентацијата е пред се. А кај нас челниците на ФС се рак-рана на нашата држава. Корумпирани се и украдоа милион евра. Место да ги вложуваат тие пари во играчите, тие ни рекоа дека ќе ги вложат во домашното првенство. Лажат. Потребна ни е промена во сојузот, сега на чело се корумпирани луѓе, лажговци и крадци“, изјави разочараниот Енсуе.

ПретходноВојдан Стојановски: Спортот се игра за публика, сите сме изненадени!
СледноГут Бехрами најбрза во Кран Монтана