И дефинитивно Килијан Мбапе ги игра последните мечеви во дресот на ПСЖ. Тој вчера му кажал на Насер Ал – Келаифи дека во јуни си оди од Париз.
Сепак раководството на веројатно најбогатиот клуб во светот нема премногу да „плаче“ по мега – ѕвездата посебно ако се знае дека катарските шеици издвојуваат 200 милини евра по сезона за Мбапе. Јасно е дека со тие пари може да си дозволат да ангажираат неколку екстра класа играчи.
Токму затоа ПСЖ веќе ги контактирал Мохамед Салах (Ливерпул), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Виктор Осимен (Наполи) и Рафа Леао (Милан).
Секако дека ако сите успее да ги ангажира во јуни тогаш ПСЖ и тоа како има мега екипа за највисоки дострели.